Рангник се гледа како менаџер на Јунајтед и по идното лето

1 min read

Новиот менаџер на Манчестер јунајтед, Ралф Рангник, кој утре против Кристал Палас ќе дебитира на клупата на „црвените ѓаволи“, ги изненади новинарите со изјавата дека може подолго време да остане на клупата.

Рангник дојде во Јунајтед на местото на Оле Гунар Солскјер кој доби отказ по серијата лоши резултати, и според договорот треба да седи на клупата до крајот на сезоната, а потоа да добие една од функциите во управата.

–  Никогаш не зборувавме што ќе се случува идното лето. Во клубот ми соопштија дека на мене сметаат само на шест месеци и дека на таа тема ќе зборуваме кога ќе дојде време. Доколку ме прашаат за мислење, јас немам ништо против тука да останам повеќе сезони. Таква препорака им дадов и на челниците на Лајпциг кога бев тренер, дека можеби подобро за клубот е кога се соработува подолго време – изјави Рангник.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Маричиќ за РТВ Словенија: Наша должност е да работиме на решавањето на проблемот со Бугарија

Следно

Потврден првиот случај на омикрон во Хрватска

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian