Работнички со пресврт до триумф над Кожув

1 min read

Кошаркарите на Работнички славеа со 100:85 над Кожув, а до победата дојдоа со голем пресврт во второто полувреме.

Тимот од Градски парк имаше негатива од 16 поени (43:59), но со серија од 22:6 дојде до иразмнување на 65:65, а третата четвртина ја завршија со предност од два поени (73:71). Кожув се држеше уште неколку минути во последната четвртина, до 76-76 кога домаќините постигнаа седум поени во низа, за на четири минути пред крајот на мечот Работнички да направи и двоцифрена предност (89:78), а до крајот само уште ја зголеми високата разлика.

Џексон Пол брилјираше во дресот на Работнички со 41 постигнат поен, додека Мустафица оствари дабл-дабл од 27 поени и 11 скокови. Кај Кожув најдобри беа Вилијамс со 22 поени и 11 асистенции, Симоновски кој даде 20 поени како и Николовски чиј учинок беше 19 поени и 13 скокови.

Лидерот на табелата Пелистер славеше со дури 54 поени разлика на гостувањето кај Ангели (88:142). Домашниот беше конкурентен само во најголем дел првата четвртина (26:30). Пелистерци со серијата 0:6 дојдоа до двоцифрена предност (26:36) која до крајот на средбата постојано ја зголемуваа. На крајот славеа со дури 54 поени разлика.

Малешевиќ постигна 33 поени за Пелистер, додека Кесар даде 25 поени, а кај Ангели најефикасни беа Васар со 30 поени, а Делоски постигна 29.

Вториот тим на МЗТ Скопје е поразен на домашен терен со 66:81 од Еуро Никел.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Алтернатива влегува во Владата: Одлучи да се приклучи на парламентарното мнозинство

Следно

Белата куќа чува големи тајни: Била градена од робови, главниот архитект бил Ирец и не требало да биде во бела боја!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian