Првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас, повторно го нападна првиот човек на Реал Мадрид кое е најголем заговорник за формирање на Суперлигата.
Тебас изминатиот период неколку пати ја критикуваше работата на претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез за кого смета дека работи заедно со Анес Лазари од компанијата Ки Капиталс, која е клучна во проектот европска Суперлига.
– Излезе на површина дека Анес Лазари е тој што му нареди на Флорентино Перез да ја достави понудата, притоа незнаејќи ништо за правната и финансиската ситуација на клубовите од Ла Лига. Тие прават сè за да ги збунат челниците луѓето и продолжуваат да раководат со клубот од кафана – порача Тебас.