Протести во Виена поради рестриктивните мерки

1 min read

Илјадници луѓе денеска протестираа во Виена против ограничувањата наметнати во различни сектори од јавниот живот, чија цел е да се спречи ширењето на Ковид-19.

Австриската Влада минатиот месец соочена со секојдневно зголемување на бројот на новозаразени, првата во Западна Европа  повторно го воведе карантинот и најави задолжителни вакцини од февруари.

Демонстрантите носеа транспаренти „Јас сам ќе одлучам”, „Повторно да ја направиме Австрија голема” и „Нови избори”, што е одраз на политичките превирања со кои се соочија дури тројца премиери во изминатите два месеца.

Парламентарната комисија претходно го одобри предлогот за двојно зголемување на карантинот на 20 дена.

Австрија, со 8,9 милиони жители, има пријавено речиси 1,2 милиони случаи на Ковид-19 и над 12.000 смртни случаи од почетокот на пандемијата.

Бројот на новозаболени постепено се намалува откако беше воведен карантинот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Сандра Булок со отворена изјава за своето посттрауматско растројство:„Ме смени од корен“

Следно

Кривични пријави против тројца кумановци – не ги почитувале здравствените прописи

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian