Намалена видливост во сообраќајот поради магла кај Стража, Крушево и патот Крива Паланка – г.п. Деве Баир

1 min read

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози.

Намалена видливост поради појава на магла од 100 – 150 метри има на планинскиот превој Стража, од 50 – 100 метри во Крушево и до 100 метру на патниот правец Крива Паланка – г.п. Деве Баир.

Од ЈП Македонијапат предупредуваат дека на одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. Дежурните екипи на Македонијапат, информираат, се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во бегство родителите обвинети во име на нивниот син кој уби четворица ученици во САД

Следно

Тотенхем се вклучува во трката по потписот со Дембеле

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian