Моите 1 + 5: По избор на Тамара Ристоска, „Notorious“ од Алфред Хичкок, 1946 година

2 mins read

Навистина е неблагодарно кога треба да издвојам само еден, но кога ми беше даден овој предизвик, некако постојано се навраќав на овој избор, па сега можеби и навистина знам дека ми е омилен филм од сите помалку омилени. Не постои филм во оваа индустрија во која не можеш да го препознаеш влијанието на Хичкок.

Хич засекогаш ќе остане богот на саспенсот, одличниот кастинг, мајсторијата во создавање на добар дијалог и контролата. И кога велам добар дијалог мислам на „Notorious“. Приказната во овој филм е конфликт помеѓу љубов и дожност, доверба, бегање од вина и болка, камуфлијарње на емотивни реакции преку алкохол и измама. 

Безвременски теми кои секогаш ќе останат актуелни. Филм направен многу скоро после втора светска војна, каде Хичкок многу добро ги изградил односите помеѓу ликовите со кои во секое време можеш да се поистоветиш.

Како глумица, она што не можам да не го издвојам и да не бидам пристрасна е  улогата на Ингрид Бергман, која е неверојатна комбинација помеѓу сензитивност  и рационалност, и контролата на стабилност и ранливост. Еден од најдобрите перфоманси што ги имам видено во филмска кинематографија.

Да, морам да признаам дека нејзиниот перформанс ми е тесно поврзан со изборот за најдобар филм.

+5 :

„Brief Encounter“, режија Дејвид Лин, 1945 година

„Sunset Blvd.“, режија на Били Вајлдер, 1950 година

„Gaslight“, режија на Џорџ Кјукор, 1944 година

„Autumn Sonata“, режија на Ингмар Бергман, 1978 година

„A woman under the influence“, режија на Џон Касаветес, 1974 година

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Потврден првиот случај на омикрон во Хрватска

Следно

Филип Ѓоревски ќе биде новиот извршен директор на МЗ Скопје

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian