Голема експлозија во близина на иранска нуклеарна централа

1 min read

Како што јави ираската новинска агенција ИРНА, предмалку се случила огромна експлозија на само неколку километри од една од иранските нуклеарни централи во регионот Бадруд.

Репортер на Фарс њуз вели дека звукот на експлозијата се слушнал пред еден час и бил многу силен, но траел кратко. Според локални извори, на небото била забележана силна светлина. Репортерот од месното население слушнал дека бил соборен дрон од непознато потекло. Истотого велат и други непотврдени извори кои додаваат дека експлозијата настанала кога противавионска ракета погодила дрон.

Гувернерот на Натанц за агенцијата Фарс њуз го потврди инцидентот и рече дека детали сѐ уште не се познати, но вети дека ќе бидат објавени веднаш штом ситуацијата ќе стане појасна.

Повеќе информации наскоро.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Триаголници од кори со фил по ваша желба за среќен оброк

Следно

ЕВН: Во Грчец жителите нелегално трошат струја за копање биткоини

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian