ФОТО | Триаголници од кори со фил по ваша желба за среќен оброк

1 min read

Саботно може да ве инспирираме за едноставен и брз рецепт за малечки пити – триаголници со готови кори и фил по ваша желба. Се прават брзо, а вие ќе уживате во појадокот или вечерата.

За овој рецепт потребни ви се само купечки готови кори и идеја за солено или слатко полнење. Ние ви предлагаме пица фил, омилен на речиси сите.

Потребно ви е:

  • 1 пакување готови кори
  • 200 мл масло
  • 200 мл кисела вода
  • за фил:
  • 200 гр сечкана шунка на коцкички
  • 200 гр сечкан кашкавал на коцкички
  • 200 гр сечкани шампињони (можете маринирани)
  • кесичка кечап, оригано, сол
  • сусам за валкање

Подготовка:

Секоја готова кора одвојте ја и премачкајте ја со четка потопена во масло,  превиткајте ја навнатре од двете страни и ставете рамномерно од пица филот и преклопувајте во облик на триаголник. Секој триаголник премачкајте го со кисела вода и извалкајте го во сусам.  Потоа, во плех на кој сте ставиле хартија за печење, ставете ги триаголниците и печете ги околу 20 минути на 200 степени.
Треба да фатат убава коричка. Откако ќе се испечат, оставете ги да се ладат покриени со крпа на кратко.
Послужете ги со јогурт, чај, цеден сок за појадок…

Уживајте!

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Еди Рама објавува снимки од пациенти со ковид-19: Да бев вакциниран ќе си бев дома

Следно

Голема експлозија во близина на иранска нуклеарна централа

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian