ЕВН: Во Грчец жителите нелегално трошат струја за копање биткоини

1 min read

Денеска на автопатот Скопје – Тетово, жителите на Грчец протестираа поради дефекти на мрежата за дистрибицуија на електрична енергија. Со реакција се јавија од ЕВН.

„Електродистрибуција постојано во текот на многу години значително инвестираше и се обидува да направи реконструкција на мрежата во Грчец, но екипите секогаш наидуваат на навреди и закани по живот, како и закани за предизвикување на материјална штета од страна на жителите.

Дефектите во селото се резултат на преоптоварување на мрежата од самите жители кои нелегално користат електрична енергија за сопствени потреби како и за копање биткоини. По настанување на дефектите, жителите иако пријавуваат дека немаат електрична енергија, сепак не им дозволуваат на екипите на Електродистрибуција да го санираат дефектот.

Електродистрибуција иако постојано инвестира во материјални и човечки ресурси за решавање на проблемот во Грчец, сепак обидите секогаш неуспешно завршуваат бидејќи жителите не дозволуваат да се работи на ниту еден начин.“, велат од ЕВН.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Голема експлозија во близина на иранска нуклеарна централа

Следно

ВИДЕО: Прв пораз за Чави во Ла Лига

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian