Фудбалерите на Работнички и на Реноваа ги поделија бодовите во првиот натпревар од 16 коло во првата фудбалска лига играјќи без голови.
„Романтичарите“ со ремито ја прекинаа серијата од три порази по ред, но останаа на осмата позиција со 19 бода, два повеќе од Скопје кој е деветти и се наоѓа на место кое носи во баражот за опстанок. Ренова пак е четврта со 26 бода.
За Работнички ова беше четврти натпревар по ред на кој не успева да ја затресе мрежата на противникот.