Во пресрет на протестот во Србија, упатени закани кон вработените во телевизијата Н1

2 mins read

Во пресрет на најавените граѓански протести во Србија, преку социјалните мрежи и електронската пошта биле упатени повеќе закани до телевизијата Н1.рс, нејзините вработени, но и членови на семејствата на вработените, соопшти денеска телевизијата.

Телевизијата Н1 на својата веб-страница соопшти дека за овие закани ги информирала надлежните институции и постојаната работна група за безбедност на новинарите.

Во објава на Твитер, лице со корисничко име @JerinaOpicena напиша – „Во сабота, кога @N1infoBG ќе почне да поттикнува братоубиствена војна, упаднете во @N1infoBG, прекинете ја програмата, не вршете насилство, избркајте ги сите на улица. Никој не може да работи незаконски во Србија, да пропагира фашизам, да повикува на граѓанска војна. Ако државата не реагира # Mi333, ние ќе го направиме тоа“.

Во друга порака, која стигнала на е-маил адресата на редакцијата, лице кое се претставува како Симо Периќ напишало – „Имате мои информации. Тоа не е лажен профил. Сакам да кажам дека утре не плачете за тоа што ќе се случи со твоите најблиски. ТИ, N1 си причината, и ти ќе бидеш жртва. Не веруваш?“

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО: Тагуваше поради девојката, сакаше да си оди од Сити, а сега е најдобар во Премиер лигата

Следно

ВИДЕО | Бритни Спирс ѝ порача на светската јавност низ пцовки „Конечно дојде крајот на сите терапии!“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian