Непосредно пред натпреварот против Ростов во руската фудбалска лига, играчите на Зенит на еден интересен начин промовираа акција за посвојување кучиња.
Тие излегоа на терен носејќи миленици кои бараат дом, а овој гест наиде на ентузијазам кај јавноста во Русија и пошироко.
Излезот на играчот со кучињата можете да го погледнете во приложеното видео.
Инаку овој меч од 17 коло заврши без победник со резултат 2:2 на „Газпром Арената“ во Санкт Петербург.
Во текот на првото полувреме водеа гостите со голот на Полоз и Комличенко, а домаќините обезбедија бод благодарение на Клаудињо кој беше двоен стрелец.