ВИДЕО | Плач, болка и тага: Студеничани, Моране и Долно Количани се простија од своите сограѓани кои загинаа во автобуската несреќа

4 mins read

Со очи вперени кон небото, со молитва за душите на загинатите, во Студеничани, Моране и Долно Количани беа погребани жртвите од автобуската несреќа која се случи на автопатот „Струма“ во Бугарија.

И денеска пред џамиите за петочна молитва се собраа и стари и млади, но овој пат многу по различно од другите денови, бидејќи по молитвата требаше да ги испратат во вечниот дом своите сограѓани кои загинаа во трагичната несреќа.

Петочната молитвена проповед во џамите беше посветена на жртвите од трагедијата. Имамот на џамијата им изрази сочувство на сите членови на семејствата и се помоли со верниците за нивните души.

„Да го извршиме последниот чин на погреб и секако овие моменти ни се многу тешки како членови на семејството. Оваа ситуација е колку болна, толку и вознемирувачка, принудени сме да собереме сили да ги пренесеме до вечниот дом. Државните институции треба да го доведат процесот до крај“, изјави за Слободен печат, роднина на семејството Исени кое во трагичната несреќа загуби четворица членови.

„Селото денеска е завиено на црно“, изјави жител на Студеничани, додека во придружба на многу други граѓани одеше до гробиштата во село Студеничани за да ги погребаат четворицата членови на семејството Исени, а потоа организирано ќе заминат во с. Моране да погребаат уште десет членови од семејството Јахи.

На погребните церемонии на жртвите од оваа трагична несреќа присуствуваше и поглаварот на Исламската верска заедница (ИВЗ), Шаќир еф Фетаху.

„Да се ​​изврши последната мисија, последната должност за простување на овие жртви кои одат пред Алах џелешануху кај неговата милост“, рече пред верниците имамот на џамијата „Атула Хоџа“- Студеничани, Муталип Адеми.

Поглаварот на Исламската верска заедница (БФИ), Шаќир еф Фетаху рече дека оваа трагедија е голема болка, но исламот не учи како да ја надминеме и најголемата болка.

„Исламот нè учи како верници дека има раѓање и смрт. Оваа болка не ја покрива само нашата земја, туку сите земји од Балканот. Им благодариме на сите што заедно ја споделивме болката. Во име на ИВЗ, на семејствата на загинатите и граѓаните на оваа општина, уште еднаш го изразувам моето искрена сочувство“, рече пред верниците Шќир еф.Фетаху.

И во Моране ситуацијата беше траорна. Семејствата на загинатите и стотици граѓани со солзи во очите фрлаа земја со лопати на десет гроба на починатите, членови на семејството Јахи, од кои осум се деца.

– Нема ништо полошо од тоа да ја најдеш смртта на улица. Уште полошо кога во цветот на младоста ти умират осум деца. Не знам што да кажам. Нека бидат во милоста Божја, изјави за „Слободен печат“, З. Рамани роднина на семејство Јахи.

На погребната церемонија во селата Моране и Долно Количани беа прочитани верски молитви, додека имамите предводени од Шаќир еф Фетаху ги повикаа семејствата на жртвите да останат силни, да најдат сила и трпение и да ја прифатат загубата на своите најблиски.

Во трагичната несреќа на 23 ноември на автопатот „Струма“ во Бугарија животот го загубија 45 патници, додека 7 преживеаја. Само од општина Студеничани има 17 загинати, а четворица преживеани. Наставничката по македонски јазик Фикрије Исени, нејзината ќерка Аниса, службеникот во општина Студеничани Хамди Исени и неговата сопруга се четирите жртви од селото Студеничани, додека 10 жртви, од кои осум деца, припаѓаат на семејството Јахи од с. Маране. Од село Количани општина Студеничани загинале 3 патници, додека 4 ја преживеале кобната несреќа.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Лукашенко се закани: Западот врши притисок но Белорусија ќе возврати на санкциите

Следно

Почина Момчило Моца Вукотиќ, легендарниот фудбалер на Партизан

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian