ВИДЕО | Настинатиот Бајден ги загрижи Американците: Добро сум, секој ден се тестирам за ковид

1 min read

Американскиот претседател Џо Бајден денеска изјави дека неговиот многу рапав глас е „последица на настинка“, откако стапил во контакт со неговиот настинат внук и додаде дека секој ден се тестира за ковид-19, пренесува Ројтерс.

Денеска со рапав глас и со неколку кашлици Бајден одржа говор за економијата, што го поттикна новинарот да го праша за неговото здравје.

„Добро сум. Секој ден се тестирам за ковид. Ова го добив од мојот внук на една и пол година кој сака да му дава бакнежи на дедо. Настинка е само“, додаде тој.

Американскиот претседател минатиот викенд го помина со семејството, кога САД го славеше Денот на благодарноста.

Пред две недели беше на систематски, лекарот вели дека е во добра здравствена состојба

Здравјето на Џо Бајден, со оглед на тоа што тој е најстариот претседател некогаш избран во САД (79), привлекува посебно внимание.

Пред две недели тој беше подложен на систематски преглед, чии резултати ги објави Белата куќа, а неговиот лекар заклучи дека тој е во „добро здравје“.

Соединетите Држави стравуваат од зголемување на случаите со ковид-19 со доаѓањето на зимата и ширењето на новата варијанта, омикрон.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Kучето со буренце ракија на врат – Бернардинец, го добило своето име по многу интересен лик

Следно

Јовановиќ: СДСМ во моментов е олицетворен во Зоран Заев

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian