ВИДЕО: Кудуз имаше „9 од 9“ против Кил и не се најде во тимот на колото во ЛШ!

1 min read

Екипата на Вардар 1961 претрпе уште еден пораз сезонава во Лигата на шампионите овојпат на гостувањето во Германија против Кил.

Во редовите на скопските „црвено-црни“ најефикасен беше хрватскиот интернационалец Анте Кудуз кој можеби ја имаше својата најдобра партија досега за македонскиот првак.

Кудуз беше непогрешлив против бундеслигашкиот гигант и реализираше девет голови од исто толку обиди.

Но, тоа не беше доволно да се најде во тимот на колото во изборот на Европската ракометна федерација (ЕХФ).

ЕХФтв кој ги избира воедно најдобрите пет голови и одбрани, ги објави следните седум играчи кои покажаа најдобри перформанси во деветтата рунда на ЛШ:

Голман: Винсен Жерар (ПСЖ)
Лево крило: Емил Јакобсен (Флензбург)
Лев бек: Сандер Сагосен (Кил)
Среден бек: Аиденас Малашинскас (Мотор)
Десен бек: Лукас Сандел (Алборг)
Десно крило: Алеиш Гомез (Барса)
Пивот: Бенце Банхиди (ПИК Сегед)

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Нови 342 случаи на ковид и седум починати лица

Следно

Демостат: СНС на републичко ниво има подршка од 55 отсто, опозицијата во Белград со 54 отсто подршка

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian