ВИДЕО | Готвиме со Маја: Пржено печено пиле, пире од грашок, глазирани моркови и трослоен колач без печење

3 mins read

Нашата позната готвачка Маја повторно ни го освежува дневното мени со идеи за рецепти кои ќе ни го исполнат оброкот – од главно јадење, преку прилози, до десерт.

Погледнете ја Маја како ни приготвува пржено печено пиле, го придружува со пире од грашок и глазирани моркови, а оброкот ни го заокружува со трослоен колач без печење.

 

Пржено печено пиле

1 свежо пиле Перутнина Птуј

Сол и бибер

 

  1. Исечете ја кокошката по должина за да се отвори.
  2. Зачинете по вкус со сол и бибер
  3. Ставете ја во длабока тава на загреано масло и пржете ја од двете страни по 15 минути, за да фати кора.

 

Сос за печење

3 лажици путер

1 лажичка Вегета Маестро лук

1 лажичка сув кромид

1 лажичка Вегета Маестро оригано

1/2 лажичка ким

2 каранфилче

1 лажичка Фант за пилешко

 

  1. Во здела со растопен путер додадете ги сите зачини и убаво промешајте.
  2. Кокошката ставете ја во кеса за печење и прелијте ја со зачинетиот путер
  3. Кесата ставете ја во тава и печете во загреана рерна на 220 степени околу 50 минути.
готвиме со маја
Фото: Промо

Пире од грашок

1 конзерва Подравка грашок

1 лажица путер

1 лажица Вегета Натур

Бибер

 

  1. Грашокот изблендирајте го во блендер за да добиете пире смеса.
  2. Додадете стопен путер и зачинете

 

Глазирани моркови

7-8 моркови

1 лажица мед

1/2 лажичка Вегета Натур

1/2 лажичка Вегета Маестро лук

1 лажица сок од лимон

1 лажица путер

Вегета Маестро рузмарин

 

  1. Морковите излупете ги и цели ставете ги во длабоко масло да се испржат.
  2. Кога ќе фатат кора извадете ги од маслото.
  3. Во друга тава растопете путер и ставете го медот и сите зачини, промешајте да се соединат зачините со медот и со топлата смеса прелијте ги морковите.
готвиме со маја
Фото: Промо

Трослоен колач без печење

1 СЛОЈ

1/2 несолен путер

1 чаша Винчини наполитанки

200 г несолени кикирики

2 СЛОЈ

1 кутија путер од кикирики

1 1/2 чаша мелени бисквити

3 СЛОЈ

1/2 чаша слатка павлака

2 Долчела чоколади за готвење

 

  1. Во блендер сомелете ги бисквитите, кикириките и наполитанките.
  2. Бисквитите измешајте ги со путерот од кикирики.
  3. Кикириките и наполитанките измешајте ги посебно во друг сад и прелијте ги со путер.
  4. Во тенџере загрејте ја слатката павлака и растопете го чоколадото.
  5. Во калап обложен со хартија за печење прво ставете го тестото од бисквити и кикирики и убаво натапкајте го да добиете рамна и мазна подлога.
  6. Потоа врз него додадете го тестото од кикирики и наполитанки и повторете ја постапката со измазнување.
  7. На крај, прелијте со растопеното чоколадо и ставете го колачот во фрижидер да сегне.
  8. Декорирајте по желба со овошје или друга декорација.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Погребот на 45-те жртви од автобуската несреќа го одложи состанокот на Алтернатива за влез во Владата

Следно

5 намирници кои не содржат јаглехидрати: Можете да уживате во нив без страв дека ќе се здебелите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian