На пат кон Тара кај селото Кремна, автобус полн со патници излетал од патот. Се претпоставува дека причина се снегот и лизгавите коловози. Повредени нема, а сите патници се безбедни и чекаат друг автобус да ги земе, пренесува српски Информер.
Од Ужице патишта велат дека сите расположливи екипи се на терен и работат на чистење на патиштата. Уште еднаш апелираат до сите возачи да се однесуваат согласно условите на патот зад воланот.
Српските медиуми објавија снимки од настанот.