Јужна Африка влегува во четвртиот бран на ковид-19

1 min read

Јужноафриканскиот министер за здравство Џо Фала изјави денеска дека неговата земја влегува во четвртиот бран на Ковид-19 поради варијантата Омикрон, но дека болниците во оваа фаза не се загрозени.

Тој на прес-конференција истакна дека инфекциите со новата варијанта сега се присутни во седум од деветте провинции во земјата и изрази надеж дека со овој сој може да се управува без да се предизвикаат премногу смртни случаи.

Фала ги повика граѓаните на Јужноафриканската Република да бидат целосно вакцинирани, бидејќи, како што тврди, тоа е најдобрата заштита од Омикрон варијантата.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

„Нетфликс“ објавува крај на „La Casа de Papel“, пресвртница и глобален феномен

Следно

Доставени три кандидатури за претседател на СДСМ, рокот истекува денеска во 16 часот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian