Украински министер за одбрана: Нападот на Русија може да го очекуваме кон крајот на јануари

1 min read

Русија собра повеќе од 94.000 војници во близина на границите на Украина и можеби се подготвува за голема воена офанзива кон крајот на јануари, изјави денеска во парламентот украинскиот министер за одбрана Алексеј Резников, повикувајќи се на разузнавачки извештаи.

Резников изјави дека Украина нема да направи ништо за да ја испровоцира ситуацијата, но дека е подготвена да возврати доколку Русија изврши напад, пренесува Ројтерс.

Нашата разузнавачка служба ги анализира сите сценарија, вклучително и најлошото. Во него се наведува дека постои можност за голема ескалација од Русија. Најверојатно време да се постигне подготвеност за ескалација ќе биде крајот на јануари – рече Резников.

Оваа недела Украина изврши притисок врз своите сојузници од Европската унија и НАТО да подготват остар пакет санкции со цел да ја одвратат Русија од офанзива.

Москва, пак, ги обвини Украина и САД за дестабилизирачко однесување и навести дека Киев можеби се подготвува да започне своја офанзива во источна Украина.

Украина против Русија: 125.000 војници во зоната на конфликтот, подготвен план за инвазија

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Прогласени најдобрите угостителски објекти во Скопје за 2021 година

Следно

Директорот на штипската гимназија обвинува за притисоци од новата локална власт

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian