Уапсени организаторите на антиваксерските протести во Хрватска, осомничени за поттикнување тероризам

1 min read

Хрватската полиција уапси најмалку пет луѓе, меѓу кои и Марко Францишковиќ, организаторот на протестите против вакцинацијата, кои се осомничени за јавно поттикнување на тероризам, објави хрватски „Индекс“.

Хрватското МВР соопшти дека во пет општини се води кривична истрага поради постоење сомнение за сторено кривично дело јавно поттикнување тероризам. 

Во денешните акции се опфатени повеќе лица кои се под надзор на полицијата – се вели во соопштението и се додава дека во наредните денови полицијата ќе работи на собирање докази со претрес на објекти, возила и друга опрема.

„Индекс“ пренесува дека меѓу приведените се и Марко Францишковиќ, еден од говорниците на неодамнешниот протест против ковид-сертификатите во Загреб и Шибеник, Натко Ковачевиќ, теоретичар на заговор кој во 2016 година во емисијата на ХРТ изнесе теории за „Бил Гејтс кој сака да ги убие Хрватите“.

Хрватскиот портал дознава дека меѓу приведените е и Денис Башнец, кој се претставува како лекар по природна медицина, фитотерапевт, билкар и нутриционист.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Стефан Богоев: Долга е раката на оној од Будимпешта

Следно

Меѓународна награда за Марија Павловска

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian