Студија во Британија покажа кои вакцини се најдобри за трета доза портив ковид

1 min read

Вакцините од производителите Фајзер и Модерна даваат најдобри резултати како дополнителни, бустер дози, покажа истражување во Велика Британија во кое се тестирани седум различни вакцини, пишува BBC.

Ова преставува прв тест од ваков вид во Обединетото Кралство преку кој се обидува дасе даде одговор на прашањето колку добро функционираат бустер дозите, јавува Би-Би-Си.

Фајзер вакцина
Фајзер / Бионтек вакцина против коронавирус / Фото: EPA-EFE/BIONTECH SE

Оваа земја претходно одлучи да ги даде Фазјер и Модерна како трета доза, а резултатите изгледа ја оправдуваат таа одлука. Сите седум тестирани вакцини до одреден степен го подигнаа имунитетот врз коронавирусот.

Истражувачите велат дека има ветувачки знаци дека третата доза штити од болести и смртни случаи во случај на инфекција со варијантата омикрон.

Profimedia
photo: Corona vaccine. Pfizer and BioNTech

Тие велат дека дури половина од дозата може да се даде на населението, па затоа резервите на вакцини би заштитиле повеќе луѓе.

Се верува дека резултатите од ова истражување го навеле Обединетото Кралство да нарача дополнителни 114 милиони дози вакцини Фајзер и Модерна во следните две години, пренесува Би-Би-Си

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Од следната година Гази Баба ќе доделува субвенции за велосипеди, тротинети и за вградување на уреди за гас во автомобилите

Следно

Нови 342 случаи на ковид и седум починати лица

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian