Стефан Богоев: Долга е раката на оној од Будимпешта

1 min read

Долга е раката на оној од Будимпешта. Толку долга што дури оттаму ќе ги контролира градоначалниците на ВМРО – ДПМНЕ, пишува членот на извршниот одбор на СДСМ Стефан Богоев во објава на Фејсбук.

„Враќањето во врвот на партијата на кумот и министер за финансии на Никола Груевски воопшто не е наивен чекор. Оној кој нарача тепање на пратеници во 2012та, тој кој ги обезбеди милијардите за налудничавиот проект “Скопје 2014”, човекот од највисока доверба на Груевски и Мијалков сега ќе биде “камшикот” за вмровските градоначалници. Ова само потврдува дека во таа партија, не само што е вкоренет груевизмот,туку истиот се негува и надградува, сокривајќи се зад ликот на професорот Мицкоски“, пишува Богоев.

„Мицкоски се слика во работно време злоупотребувајќи вработени од општини, промовирајќи проекти започнати од СДСМ. Советници на ВМРО – ДПМНЕ потпишуваат меници за да бидат држени под контрола и да гласаат по команда на партијата. Дали некогаш оваа партија ќе се реформира и демократизира⁉️ Дали ќе се најде јунак да се спротивстави на ваквите груевистички политики на Конгресот на ВМРО – ДПМНЕ на 12 Декември ⁉️
Дали ВМРО – ДПМНЕ ќе го следи СДСМ и ќе обезбеди непосредно гласање на целото членство ⁉️ Се надевам, но за жал, не верувам!“, додава тој.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Рекордни 10 милиони долари од шверц на дрога запленети на Панама

Следно

Уапсени организаторите на антиваксерските протести во Хрватска, осомничени за поттикнување тероризам

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian