Сојот омикрон успешно го избегнува имунитетот стекнат од прележан ковид

3 mins read

Според првичните истражувања базирани од податоците добиени од теренот , омикрон има „значајна“ способност да го заобиколи имунитетот стекнат со претходни инфекции од други видови на ковид-19.

Наодите покажуваат дека новиот вид може да предизвика значителен нов бран на инфекции, дури и кај лицата со високо ниво на антитела.

вакцина EPA-EFE

Експертите од Африканскиот национален институт за заразни болести (NICD) предупредуваат дека овие резултати би можеле да имаат значителни ефекти врз јавното здравје.

„Сè уште не е познато дали омикрон може да го избегне имунитетот што е развиен по вакцинацијата“, се вели во студијата.

Зголемен ризик од реинфекција

Експертите анализирале речиси 2,8 милиони потврдени случаи на инфекција со Ковид-19 во Јужна Африка од март 2020 година и откриле дека 35.670 луѓе биле повторно заразени со ковид, пренесува Скај Нјуз.

Фото: EPA-EFE/

Студијата покажува дека ризикот од повторна инфекција за време на брановите стимулирани од бета и делта соевите бил помал отколку за време на првиот бран предизвикан од видот откриен во Вухан.

Така, беше полесно повторно да додје до инфекција со Ковид-19 за време на првиот бран на пандемијата отколку кога се појавија соевите бета и делта. Спротивно на тоа, ризикот од повторна инфекција со омикрон е 2,4 пати поголем отколку во првиот бран.

Експертите од NICD заклучуваат дека неодамнешното ширење на варијантата омикрон е поврзано со намален ризик од првата инфекција и зголемен ризик од повторување.

„ Важни импликации за јавното здравје ширум светот

„Најдовме докази за значително и континуирано зголемување на ризикот од повторна инфекција, што е привремено поврзано со појавата на сојот омикрон во Јужна Африка. „Овие наоди укажуваат дека овој вид има предност во тоа што повторно ги инфицира оние луѓе кои веќе биле заразени“, велат научниците.

„Можноста за избегнување на имунитетот стекнат со претходна инфекција, без оглед на тоа дали сојот омикрон може да го избегне имунитетот добиен со вакцинација, има важни импликации за јавното здравје ширум светот“, додаваат тие.

Иако само околу четвртина од населението во Јужна Африка е целосно вакцинирано, имунитетот на населението стекнат по инфекцијата со Ковид-19 е многу висок бидејќи земјата помина низ неколку значајни бранови на пандемијата.

Вакцинирање против ковид-19 во Јужна Африка / Фото: EPA-EFE/

Добри вести

Инфектолозите од СЗО сметаат дека омикрон не е позаразен од претходно доминантниот вид на ковид и дека сегашниот пораст на случаи во Јужна Африка веројатно е резултат на чувствителноста на населението од повторна инфекција.

вакцина EPA-EFE

„Оние кои повторно ќе се заразат со новиот вид на ковид-19, омикрон, имаат благи симптоми и тоа е „добра вест“. сметаат инфектолозите од СЗО

Студијата наречена „Зголемен ризик од реинфекција на SARS-CoV-2 поврзана со појавата на варијантата Omicron во Јужна Африка“ сè уште не е прегледана од независни експерти.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Приведенo лице од скопско, поради истрага за неовластено поседување оружје

Следно

„Ставете нѐ на вашиот ѕид” – кампања за подигнување на јавната свест за лицата со попреченост

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian