Полициска акција во Косово: Уапсени над 30 луѓе во неколку општини

1 min read

Косовската полиција, по налог на Специјалното обвинителство, денеска во неколку општини уапси 31 лице во акција во рамки на антикорупциската операција „Субвенции 2021″.

Во соопштението на Обвинителството се наведува дека денешната акција, која е продолжение на операцијата започната кон средината на годинава, е спроведена во општините Пеќ, Истог, Урошевац, Липљан, Приштина, Клокот, Вучитрн и Подујево.

Според Обвинителството, 12 од уапсените се официјални лица со различни позиции во општините и подрачните единици на Агенцијата за развој на земјоделството и на Агенцијата за приватизација.

Останатите 19 лица се интервјуирани во својство на корисници на субвенции. Тие се од различни општини во Косово и се сомничат дека извршиле измами со субвенциите.

Приведените, се вели во соопштението, се сомничат за кривичните дела „земање поткуп”, „злоупотреба на службената должност и авторитет”, „давање поткуп”, „измами со субвенции” и „фалсификување документи”.

Обвинителството најави дека во законски предвидените рокови ќе поднесе барање за одредување на мерката притвор за лицата кои се уапсени во денешната акција.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Јувентус би можел да биде отстранет од меѓународните турнири

Следно

Дали се сеќавате на улогата на Лејди Гага во „Сопранови“?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian