Погребот на 45-те жртви од автобуската несреќа го одложи состанокот на Алтернатива за влез во Владата

1 min read

Поради погребот на трагично загинатите 45 патници во автобуската несреќа во Бугарија, вечерва нема да заседава Централниот совет на Алтернатива, потврдија за „Слободен печат“ од Алтернатива.

Според првичната најава, највисокиот партиски орган вечерва требаше да одлучи дали Алтернатива ќе влезе во Владата. Седницата нан Централниот совет е презакажана за утре во 18 часот.

Одложувањето на партискиот состанок можно е да ја помести и финалната средба меѓу претседателот на Алтернатива Африм Гаши и премиерот Зоран Заев за финален договор, која неофицијално беше најавена дека ќе се одржи викендов.

За влез на опозициската партија во власта и за зголемување на парламентарното мнозинство досега имаше три средби на Гаши и генералниот секретар Беким Сали со премиерот Зоран Заев и кандидатот за лидер на СДСМ Димитар Ковачевски.

Доколку Алтернатива одлучи да вчезе во Владата, парламентарното мнозинство ќе се брои 64 пратеници.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Си: За да ја разберете Кина мора да ја разберете Комунистичката партија

Следно

ВИДЕО | Готвиме со Маја: Пржено печено пиле, пире од грашок, глазирани моркови и трослоен колач без печење

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian