Јовановиќ: СДСМ во моментов е олицетворен во Зоран Заев

1 min read

Олицетворение на СДСМ во моментов е персонификацијата во Зоран Заев, изјави вечерва аналитичарот Ненад Јовановиќ во гостување на Канал 5.

„Очигледно е дека на тие две маси за преговори го протежира Ковачевски. Јас лично немам никаков анимозитет на персонална база. Многу ми е важен магистралниот пат, во кој ќе се движи политиката на партијата, рече Јовановиќ во гостувањето во емисијата „Само вистина“.

Според него, СДСМ е интегрална сила, која мора да го врати кохезивниот момент.

-На последните локални избори видовме раслојување на членството на СДСМ, потенцира Јовановиќ и додава:

-Имаме многу слаба комуникација со Бугарија низ годините, имаме некој ѕид и бледи информации и имаме тврда реторика и секогаш има на Балканот еден непријател која ја мобилизира внатрешната политика врз која се заведуваат широките народни маси на избори, вели Јовановиќ.

Tој истакнува дека идејата на НАТО е да докаже на западните сојузници дека сме дел од западната цивилизација, не дека само нѐ штити и дека немаме војска.

Јовановиќ посочи дека македонската влада покажала питомост, а Зоран Заев бил со поинаква реторика по однос на прашањето со Бугарија.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Настинатиот Бајден ги загрижи Американците: Добро сум, секој ден се тестирам за ковид

Следно

ФОТО: Тагуваше поради девојката, сакаше да си оди од Сити, а сега е најдобар во Премиер лигата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian