Нереална убавина на Ирина Шајк: Со брутално деколте доминираше на премиерата на бившиот (ФОТО)

2 mins read

Познатата манекенка Ирина Шајк го украде целото внимание на светската премиера на „Nightmare Alley“ во кој глуми нејзиниот поранешен партнер, холивудскиот заводник Бредли Купер, кого дефинитивно го засени, барем визуелно.

Деновиве се шпекулира дека Ирина и Бредли наводно и дале втора шанса на својата љубов, а нејзиното појавување во бомбастичното издание и поддршката што му ја пружи на Купер ги подгреа шпекулациите.

Ирина блескаше во панталони и сако со пруги, под кои имаше необичен кожен детаљ изработен од траки, кои едвај и ги покриваа градите и малку оставаа на фантазијата.

„Каква бомба!“, „Мачка и пол“, „Бредли на апарати“, „Вака се враќа бившиот“, „Сите гледаат во неа“, „Ирина Шајк доминираше“, „Леле каква жена! “, „Бредли, а каде е Лејди Гага“, „Изгледа нереално“, се дел од коментарите.

Гласините за помирувањето на Ирина и Бредли се појавија по блиските прошетки со нивната ќерка Леа Де Сен, во кои тие се почесто одат заедно и разменуваат топли прегратки и нежности.

Романсата на Ирина и Бредли започна во мај 2015 година, набргу откако тој ја раскина врската со Суки Ватерхо, а таа со Кристијано Роналдо, а една година подоцна ја објавија радосната вест дека чекаат дете. Крајот на љубовта дојде во 2019 година, откако Бредли го сними филмот „Ѕвездата е родена“ со Лејди Гага и по приказните дека тие двајца се повеќе од пријатели, иако тие тоа го негираа.

Ирина и Бредли останаа во добри односи по раскинувањето, а дали навистина љубовните искри повторно се разгореле, ќе покаже времето.

ИЗВОР:  lokalno.mk

Претходно

5 намирници кои не содржат јаглехидрати: Можете да уживате во нив без страв дека ќе се здебелите

Следно

Приведенo лице од скопско, поради истрага за неовластено поседување оружје

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian