Нема да има поворка, телата на загинатите ќе бидат предадени на семејствата

1 min read

Министерството за надворешни работи информираше дека има промена во часот при пречекот и испраќањето на загинатите од автобуската несреќа во Бугарија до нивните домови и вечни почивалишта. Телата од аеродромот ќе бидат пренесени во домовите на семејствата, односно нема да има поворка која требаше да помине пред плоштадот Скендербег.

„Почитувани, ве известуваме дека посмртните останки на загинатите граѓани во автобуската несреќа во Бугарија после нивниот транспорт на аеродромот во Скопје, веднаш ќе бидат упатени кон нивните домови и вечни почивалишта“, велат од Министерството.

Оваа измена доаѓа согласно барањата на дел од семејствата на загинатите, а со цел телата да бидат предадени пред петочната молитва. За граѓаните кои сакаат да оддадат почит, се уште останува можноста тоа да го сторат на плоштадот Скендербег во периодот од 10 до 13 часот.

Првично беше најавено дека посмртните останки на 45 граѓани кои загинаа во сообраќаната несреќа во Бугарија се очекува утре во 9 часот да пристигнат на Меѓународниот аеродром Скопје. По пристигнувањето, како што првично најави МНР, поворката требаше да се движи по однапред утврдена патека до и низ главниот град.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Бајден: Американците да примат трета доза од вакцината против ковид-19

Следно

Кирил Петков: До крајот на следната недела се надевам дека ќе имаме влада на Бугарија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian