Лукашенко се закани: Западот врши притисок но Белорусија ќе возврати на санкциите

1 min read

Западот врши притисок врз Белорусија да ја претвори во друга Украина, но тоа нема да се случи, изјави белорускиот претседател Александар Лукашенко.

Лукашенко нагласи дека целта на Западот нема да се постигне и дека Белорусија никогаш нема да биде како Украина, пренесе белоруската агенција БЕЛТА.

– Тие бараат Белорусија да стане уште една Украина, која ја опишуваат како демократска и развиена земја. Пред два дена им беше даден јасен одговор. „Ние никогаш нема да станеме како Украина, бидејќи ние сме Белоруси и имаме своја визија за нашите перспективи“, рече Лукашенко.

Претседателот на Белорусија оцени дека Белорусија е во самиот центар на глобалниот конфликт меѓу Западот и Русија

Состојбата на мигрантскиот бран на полско-белоруската граница ексалира/ Фото: ЕПА

Тој потсети дека Западот колективно се обиде да ја дестабилизира ситуацијата во Белорусија минатата година, за време на претседателските избори во таа земја.

Откако не успеаа сега се обидуваат со санкции да ја принудат земјата да потклекне вели тој

 Белорусија соопшти дека ќе возврати откако САД и нивните сојузници воведоа санкции за десетина физички и правни лица и се пожали дека нејзината економија се соочува со надворешен притисок без преседан.

„Повеќе пати кажавме дека сите непријателски антибелоруски чекори ќе бидат придружени со соодветни мерки за одговор”, се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи на Белорусија.

Во соопштението се додава и дека новата рунда санкции не е исклучок.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Поставена пристапна рампа пред влезот на општина Кисела Вода

Следно

ВИДЕО | Плач, болка и тага: Студеничани, Моране и Долно Количани се простија од своите сограѓани кои загинаа во автобуската несреќа

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian