ФОТО+ВИДЕО Убавата партнерка на Ана Брнабиќ во ефектен фустан осамна на насловната на странски магазин

1 min read

Милица Ѓурѓиќ, партнерка на премиерката на Србија Ана Брнабиќ, се најде на насловната страница на арапското издание на познатиот моден магазин „L’Officiel“.

На фотографијата која ја краси насловната страница на овој магазин, Милица Ѓурѓиќ позира во ефективен фустан од познатата српска дизајнерка Роксанда Илинчиќ.

Роксанда Илинчиќ е светски позната дизајнерка која со години живее и работи во Лондон, а нејзините модели ги носи Кејт Мидлтон, актерките Џесика Честејн, Гвинет Палтроу, Ема Вотсон, Кира Најтли, пејачката Лејди Гага, Флоренс Велч, поранешната прва дама Мишел Обама…

Фото: Betaphoto Sipa Press Profimedia

Елегантното издание е само едно од добрите модни избори на Милица Ѓурѓиќ. Таа ретко се појавува во јавноста, но секој нејзин стајлинг привлекува големо внимание.

Милица во интервјуто за споменатиот магазин открила како ја доживува модата.

– Ја сакам модата, но не сум нејзин роб. Не ги следам трендовите. Го облекувам она што го сакам и во што добро се чувствувам – рекла партнерката на српската премиерка. 

 

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Почина Момчило Моца Вукотиќ, легендарниот фудбалер на Партизан

Следно

Скопје на 10 декември ќе започне да се украсува за Нова Година

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian