ФОТО+ВИДЕО | Славната комичарка се бори со ракот: „По инцидентот со Трамп, испив 100 таблети“

3 mins read

Комичарката Кети Грифин (61) во интервју за „The View“ проговорила за својата борба со зависноста и менталното здравје поради борбата против ракот.

Кети Грифин признала дека го допрела дното во јуни 2020 година и се обидела да си го одземе животот со таблети.

Комичарката признала дека паднала во подлабока зависност поради карантинот предизвикан од пандемијата на коронавирусот, но и затоа што чувствувала дека многу луѓе се лути на неа поради нејзината контроверзна фотомонтажа на која ја држи отсечената глава на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Да потсетиме, Кети Грифин, по десет години на телевизијата Си-ен-ен (CNN) во 2017 година ја отпушти комичарката поради инцидентот со видеото во кое држи „крвава, отсечена глава“ на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп.

– Станав зависник од таблети. Бев навистина многу зависна од таблетите на рецепт. Најверојатно почнав да ги злоупотребувам неколку години пред инцидентот со Трамп – не го обвинувам за тоа – рекла комичарката.

Иако комичарката, која се бори и со ракот на белите дробови, рекла дека нејзината зависност од таблетите е полоша отколку борбата со болеста.

Фото: Профимедиа

– Тој инцидент ми беше многу пострашен од ракот. Чувството дека цел свет те мрази. Цел свет мисли дека си одвратен и неважен – рекла Кети.

Кети исто така раскажала и како нејзината борба со зависноста довела до обид за самоубиство.

Фото: Принтскрин/Твитер

„Кога се случи инцидентот со Трамп, и плус и ситуацијата со карантинот, почнав да пијам таблети цел ден. Во главата ми се појави глас велејќи: „Не треба повеќе да бидеш тука. Беше добро, но сега е време да одиш.“ Ја имав таа фантазија дека мојот сопруг ќе најде некоја прекрасна, која повеќе ќе му одговара. Му напишав проштална порака, а потоа испив околу 100 таблети“, рекла таа.

Откако ги испила таблетите, се разбудила и сфатила дека треба да оди во болница.

„Никогаш претходно не сум се онесвестила. Имав рани, гребаници и повреди на себе“, објаснила Кети и додавала дека стапила во контакт со нејзиниот сопруг Ренди Бик кој ја однел во болница, каде што признала дека се обидела да се самоубие.

Сепак, се чини дека нејзиното ментално здравје е многу подобро денес.

„Поради некоја причина, откако преживеав, сега се смеам на сè. По цел ден одам наоколу и се кикотам затоа што чувствувам како нешто да ме промашило за влакно, па сега само се смеам на се и сешто, и некако сум посреќна, но секогаш се плашам“, заклучила Кети.

Кети Грифин во емотивна објава откри дека има рак: Да, имам рак на белите дробови иако никогаш не сум пушела

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Демостат: СНС на републичко ниво има подршка од 55 отсто, опозицијата во Белград со 54 отсто подршка

Следно

Откриена е нова планета со големина колку Марс, слична на Меркур, а годината трае 8 часа

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian