ФОТО | Kучето со буренце ракија на врат – Бернардинец, го добило своето име по многу интересен лик

2 mins read

Бернардинците се многу слатка раса на кучиња кои имаат потекло од Швајцарија и се првобитно одгледувани како спасувачи на луѓе. Она што е многу малку познато е како всушност го добиле името.

Бернардинците се крупна раса кучиња со црно бело крзо, мек поглед и често се претставени со малечко буренце околу вратот.

Важат за тивки и лојални кучиња, а нивното „свето“ име им дава апсолутна потврда за нивната добра природа, но легендата за нивното име ретко кој ја знае.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by St. Bernards 🐾 (@st.bernard.dogs)

Светите Бернарди се одгледувани да спасуваат луѓе во големиот премин „Сент Бернард“ кој се наоѓа во швајцарските Алпи, а во него живееле и свратувале патници. Преминот именуван по италијанскиот монах Бернард од Ментон всушност бил првиот мисионер кој сакал да ги покрсти жителите на Алпите, кои се едни меѓу последните на западот на Европа кои имале стари пагански обичаи.

Во многу илустрации или претстави за овој пес, често се појавува буренцето ракија околу вратот. Се разбира дека ова буренце служи за „оживување“ и закрепнување на сите оние изгубени луѓе низ алпските олуи и лавини, загревајќи ги додека да чекаат човечки екипаж за спас.  Оваа прекрасна слика за Бернардинците ги следи и во портретирањето и на телевизија и по филмови.

Се сеќавате сигурно на „Бетовен“, омилен филм од 90-тите каде што ова куче беше претставено како добар и лојален пријател на едно хаотично семејство.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Прва лига, деветто коло: ТФТ во обид да ги сопре „металците“

Следно

ВИДЕО | Настинатиот Бајден ги загрижи Американците: Добро сум, секој ден се тестирам за ковид

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian