ФОТО: Косовската претседателка Османи не можеше да ги сокрие солзите додека ги пренесуваа ковчезите

1 min read

На церемонијата од пристигнувањето на посмртните останки на 45-те патници кои трагично загинаа во сообраќајна несреќа и пожар што го зафати автобусот со кој патуваа од Истанбул кон Скопје на 23 ноември, покрај македонскиот државен врв и министрите присуствуваа и странски делегации.

Меѓу нив е и косовската претседателка Вљоса Османи која не можеше да ги сокрие солзите во моментите кога 45 ковчези беа пренесувани од бугарските воени транспортни авиони кон погребалните коли на аеродромот во Скопје, од каде се упатуваат кон нивните родни места и вечни почивалишта.

Покрај претседателката Османи на аеродромот присуствуваа и министерот за внатрешни работи на Албанија, Бленди Чучи, претседателката на албанскиот Парламент, Линдита Никола и други.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Украина против Русија: 125.000 војници во зоната на конфликтот, подготвен план за инвазија

Следно

Спор кој скапо ќе чини, бијатлонците ќе изгубат 50.000 евра

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian