Во вториот сингл меч од полуфиналето во Дејвис куп натпреварувањето, првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ беше подобар од Марин Чилиќ со 6:4 и 6:2.
На тој начин Ѓоковиќ донесе поен за Србија и израмнување на дуелот против Хрватска која претходно дојде во предност со триумфот на Борна Гојо.
Гојо во Мадрид Арената во Мадрид (Шпанија) за два часа игра го совлада Душан Лајовиќ со резултат 2:1 во сетови 4:6, 6:3 и 6:2.
Ѓоковиќ како и на дуелот против Казахстан повторно ги враќа надежите на српската репрезентација и повторно се надеваат на целосен пресврт за финале.
Воедно Ѓоковиќ стигна до 18 победа во досега 20 меѓусебни мечеви против Чилиќ.
Одлучувачката средба ќе биде во двојки каде што Ѓоковиќ заедно со Никола Чачиќ ќе ги одмерат силите против Никола Мектиќ и Мате Павиќ.