Американецот со македонски пасош, Џејкоб Вајли во изминатиот период настапуваше за нашата најдобра репрезентација на стартот од квалификациите за пласман на Светскиот куп 2023.
Потсетување дека избраниците на селекторот Драган Бајиќ претрпеа два порази, во Скопје од Шпанија во кој блескаше Теодор Симиќ, и во Киев од укранската селекција.
Играчите им се враќаат на клупските обврски, а денеска црногорскиот клуб Будуќност чиј член е Вајли ја информираше јавноста дека го суспендираше македонскиот репрезентативец.
Причината поради тоа е дека Вајли не се појавил на тренингот и самоиницијативно ја напуштил Подгорица.
– Агентот на играчот го известил клубот дека причината за заминувањето е решавање на личен/семеен проблем. Клубот го суспендираше играчот и јавноста ќе биде навремено информирана за понатамошните чекори – пренесуваат од КК Будуќност.