Јавноста згрозена од интимните детали од животот на двојката Вил и Џејда Пинкет Смит: Покренаа и петиција!

2 mins read

Деновиве во јавноста повторно се крена прашина околу деталите од интимниот живот на Вил и Џејда Пинкет Смит, кои самиот актер ги откри во своите мемоари објавени на 9 ноември.

Славната двојка се најде на мета на осуда, а многумина се согласија дека сега се запознаени со детали што воопшто не сакале да ги знаат.
Целата ситуација ескалираше кога еден од читателите решил дека нивната „отвореност“ ги надминала сите граници и покренал петиција за забрана за интервјуирање на оваа двојка.

Instagram
инстаграм

Петицијата креирана преку „Change.org“ е веќе потпишана од повеќе од 15.000 луѓе и сите се согласија дека некои работи подобро се чуваат за себе.

Ѕвездата на филмот „Men in Black“ во своите мемоари откри премногу лични детали од неговиот брак, но и од приватниот живот. Ја спомна својата фантазија за „харем“ и призна дека во младоста повраќал од премногу секс. Неговата сопруга Џејда веќе зборуваше за тоа дека Вил не може сексуално да ја задоволи, а откри и дека претходно била зависна од алкохол, дрога и порнографија.

Ова не е првпат Вил и Џејда отворено да зборуваат за својата интимност. Џејда исто така го покрена ова прашање во интервју со Гвинет Палтроу во октомври, кога ја истакна важноста паровите да разговараат за нивните сексуални фантазии.

 „Сè што научив за овој пар беше против моја волја“, „Ми се лоши и уморен сум од деталите од нивниот живот, сакам тоа да престане“, „Дали знаат што е приватност“, „Грозно“

беа само дел од коментарите под петицијата.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Преубав гест на фудбалерите на Зенит пред натпреварот со Ростов

Следно

ВИДЕО | Никогаш не е доцна: Индијка на 104 години научила на чита и пишува

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian