Арсовска постави нов директор на ЈП Лајка

1 min read

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска го постави Воислав Димитровски за ВД директор на јавното претпријатие „Лајка“. Димитровски е предлог на здруженијата за заштита на животните, како најдобро решение за претпријатието што извршува дејност од посебен јавен интерес за хуман третман на бездомни кучиња и воспоставување на систем за контрола на популацијата на кучиња.

Димитровски по професија е ветеринар, магистер во областа на ветеринарното јавно здравство, национален консултант на ФАО за благосостојба на животните, проект лидер на УНДП за решавање на проблемот со бездомните кучиња на територијата на Југозападниот реон на Македонија. Од Ветеринарната комора на Македонија е назначен како координатор за решавање на проблемот со бездомни кучиња на територијата на Македонија.

Досегашната ВД директорка Тина Петрушевска е разрешена од функцијата.

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

Принцот Вилијам имал „сајбер врски“ со познати девојки пред бракот со Кејт Мидлтон: Кралски писател открива со кои!

Следно

Стратегиско „бетонирање“ на врските: Емиратите купуваат 80 француски „рафали“ за 17 милијарди евра

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian