Американец ставал жилети во смрзнати пици во маркети, осуден на 4 години затвор

2 mins read

Маж од Довер кој ставил жилет во тесто за пица во супермаркетите во Мејн и Њу Хемпшир, вчера е осуден на затворска казна од четири години и девет месеци.

Николас Мичел (39) бил уапсен во октомври 2020 година откако биле пронајдени жилети во тестото за пица што некој ги купил во продавницата Ханафорд во Сако. Подоцна било откриено дека тројца клиенти во таа продавница купиле тесто што содржи жилети или клинци и дека тоа се случило и во супермаркетите Ханафорд во Санфорд, Мејн и Довер во Њу Хемпшир.

Мичел бил вработен во It’ll Be Pizza, компанија која произведува неколку видови тесто, вклучувајќи ја и Portland Pie Co. во која поставил опасни предмети, пишува Скај Њуз.

Изгубил се за време на пандемија

За време на судењето, се дознало дека животот на Мичел излегол од контрола за време на пандемијата кога неговата девојка останала без фризерскиот салон, а Мичел бил уапсен откако таа го пријавил поради семејно насилство, по што останал без покрив над главата и живеел во својот автомобил. Подоцна бил отпуштен и од компанијата во која работел.

Мичел во јуни се изјаснил за виновен за неовластена употреба на производи за широка потрошувачка и се согласил да не поднесе жалба во случај на казна што не надминува четири години и девет месеци.

Максималната казна за неовластена употреба на производи за широка потрошувачка е 10 години затвор.

За време на судењето, Мичел во солзи се извинил за своите постапки, велејќи дека не сакал да повреди никого, туку сакал да и се одмазди на компанијата затоа што бил отпуштен.

Мичел треба да плати и отштета од 230.000 долари на супермаркетот Ханафорд.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Меѓународна награда за Марија Павловска

Следно

Прва лига, деветто коло: ТФТ во обид да ги сопре „металците“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian