ВИДЕО: Адеми и Ристовски останаа без тренер, Крзнар си даде оставка во програма во живо

1 min read

Фудбалерите на Динамо Загреб испаднаа од Купот на Хрватска по поразот од 1:3 од Ријека на домашен терен, по што тренерот на „модрите“, Дамир Крзнар си даде оставка по натпреварот и тоа во разговорот за клупската телевизија.

Потоа следеше и соопштение на Динамо Загреб, кого го очекува и дерби пресметката со Хајдук.

„ По натпреварот од четвртфиналето во Хрватскиот куп против Ријека, тренерот Дамир Крзнар си поднесе оставка на местото главен тренер на првиот тим на Динамо Загреб. Клубот за наредните потези правовремено ќе ја извести јавноста. На тренерот Крзнар му се заблагодаруваме на успесите во неговиот мандат на клупата на Динамо, на фантастичната победа против Тотенхем, на историското четвртфинале во Лигата на Европа, на освоената двојна круна и на обезбедената европска пролет оваа сезона “ соопшти Динамо Загреб.

Екипата до крајот на сезоната се очекува да ја предводи шефот на младинската академија на Динамо Загреб, Жељко Копиќ. Се шпекулира дека од следната сезона екипата треба да ја презеде Роберт Просинечки.

За Динамо Загреб настапуваат и македонските репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Ременски: Јас немам конфликт со наследството на Заев во партијата

Следно

ВИДЕО | Готвиме со Маја: Превртена пита од јаболка

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian