Сите институции во Скопје да постават пристапни рампи, ги задолжи градоначалничката

1 min read

Сите јавни институции во надлежност на Градот Скопје се задолжени за 60 дена да постават пристапни рампи за лица со попречености

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска издаде писмен налог до сите јавни институции под надлежност на Градот да направат проценка и да постават пристапни рампи за лица со попречености.

Рокот за имплементација на оваа активност е 60 дена, а поставувањето на пристапните рампи е дел од Програмата на Град Скопје за овозможување поголема пристапност за лицата со попреченост до институциите во градот.

Градот Скопје започнува сеопфатна програма за остварување на еден од главните приоритети за остварување на правата од социјална заштита на лицата со попреченост, односно подобрување на квалитетот на секојдневното живеење и создавање услови за независен живот.

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

Петар Грашо првпат проговори за својата сакана Хана Хуљиќ и им стави крај на шпекулациите!

Следно

Мицкоски на средба со холандскиот амбасадор Коп

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian