Русија се пласира во полуфиналето на Дејвис купот

1 min read

Тениската репрезентација на Русија обезбеди пласман во полуфиналето на Дејвис купот со победата над Шведска со 2:0. За пласман во финалето, Русите ќе играат против Германија.

Првиот поен за Русија го донесе Андреј Рубљов кој потешко од очекувањата го совлада Елијас Имер со 6:2,5:7,7:6.

Случувањата на теренот навестуваа лесен триумф на Рубљов, Русинот рутински го освои првиот сет, а во вториот сет прво го врати загубениот сервис и направи уште еден брејк за водство од 5:3. Но, кога сервираше  за победа, се разигра Имер кој освои четири гема по ред и го однесе мечот во одлучувачките трет сет.

Во третиот сет Рубљов беше сигурен на свој сервис, но никако не успеваше да го скрши отпорот на Имер кој успеа да спаси седум брејк топки и се избори за тај-брејк. Во него, Рубљов ја задржа смиреноста и успеа да слави со 7:3 за прва победа на Русија.

Во вториот меч, вториот тенисер на АТП ранг листата, Данил Медведев со 6:4,6:4 издовјува рутинска победа над Микаел Имер и закажа полуфинална пресметка со Германија.

Во второто полуфинале ќе играат Србија и Хрватска.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Груби: Мора да има одговорност за автобуската несреќа во Бугарија

Следно

Регистриран првиот случај на сојот омикрон во Грција

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian