Приведени крадци во Скопје, украденото вратено на сопственикот

1 min read

На 01.12.2021 во 21.00 часот, полициски службеници од ЕВР Чаир ги лишиле од слобода А.М.(24) и З.В.(19), двајцата од Скопје, поради сомнение дека на 30.10.2021 одзеле техничка стока од објект на ул.„Бутелска“, сопственост на А.Р. од Скопје. Со нив бил извршен службен разговор и за настанот бил запознаен Јавен обвинител.

Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

Концерт на Кристијан Каровски во Филхармонијата

Следно

Русија ќе се соочи со болни санкции доколку не ги повлече трупите, Путин бара гаранции дека НАТО нема да се шири на исток

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian