Поранешниот австриски канцалар Курц се повлекува од политиката

1 min read

Лидерот на Народна партија на Австрија (ОВП), поранешниот канцелар Себастијан Курц се повлекува од политиката.

На лидерското место во партијата Курц ќе биде заменет од австрискиот министер за внатрешни работи Карл Нехамер.

Курц успешно ја водеше ОВП и на минатите избори во 2019 година освои 37 проценти од гласовите.

Досега се шпекулираше дека Курц по завршувањето на истрагата против него може да се врати на политичкиот врв.

Предвидено е Курц да се обрати до медиумите во 11 часот и 30 минути.

Курц на 9 октомври се повлече од функцијата канцелар откако беше обвинет за поткуп, корупција и нарушување на довербата.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Викендов автобусите од линиите 22, 22А и 64А, ќе сообраќаат по изменет режим во реонот на улица „Лука Геров“

Следно

Пендаровски: Да ја држиме политиката што подалеку од армиските редови

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian