Поддршка од Ѓоковиќ:  Одлуката на ВТА е храбра

1 min read

Првиот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ја поддржа одлуката на ВТА да ги суспендира турнирите во Кина поради ситуацијата со тенисерката Шуаи Пенг.

Само неколку  часа по ваквата одлука, ВТА доби поддршка од првиот тенисер на АТП ранг листата, Новак Ѓоковиќ.
– Во целост ја поддржувам одлуката на ВТА бидејќи навистина немаме доволно информации за Шуаи Пенг и ситуацијата во која се наоѓа. Сметам дека одлуката која ВТА ја донесе е храбра – изјави Ѓоковиќ.
Српскиот тенисер притоа додаде дека здравјето на Шуаи Пенг е поважно од тенисот.

ВТА е загрижена за состојбата на кинеската тенисерка, која ја „снема“ во јавноста на одреден период откако минатиот месец го обвини поранешниот кинески вицепремиер Занг Гаоли за сексуално вознемирување. Минатата недела, претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), Томас Бах, имаше видео разговор со Шуаи Пенг, на кој тенисерката му потврди дека е добро.

Но, тоа за ВТА не беше доволно бидејќи стравува дека тенисерката е под контрола на кинеските власти и во отсуство на други докази за „слободата“ на Пенг, одлучи да ги суспендира турнирите кои во 2022 година треба да се играат во Кина.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Предан: Има можност за одлука во декември која би можело да се формализира во јануари доколку Бугарија состави влада

Следно

ВИДЕО | Ќе биде во ред…: Шон Мендез издаде нова песна само две недели по разделбата со Камила Кабејо

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian