Сте се вратиле уморни од работа? Сакате да се смирите со нешто едноставно, вкусно, и да се прегрнете себеси после напорниот ден?
Направете си лична чајанка. Ова барем е лесно.
За чајот не ви треба упатство за употреба. Но, за да си направите мала топла прегратка сами кон себе, можете да ги направите овие брзи, лесни колачиња и да си го замирисате домот како француска пекарница!
Потребни состојки:
- 10 лажици овесни снегулки, мелени
- 2 лажици путер од кикирики
- 2 лажици стопен путер
- 2 лажици млеко
- 3 лажици мед
- прстофат цимет
- малку мускатно оревче
- рендана кора од портокал
Подготовка
Овесните снегулки сомелете ги да бидат како грубо брашно. Додајте го стопениот путер, медот, млекото циметот и мускатното оревче. Направете мека смеса од која ќе формирате бомбици и притиснете ги со вилушка, да бидат плоснати. Оставете ги да одморат во фрижидер додека се местите пред фотелјата и чекате да ви се олади чајот. Потоа – уживајте во моментот за себе.
Извор: www.slobodenpecat.mk