Веќе со месеци се зборува за новиот вљубен пар на хрватската музичка сцена, Петар Грашо (45) и Хана Хуљиќ (31).
Иако досега главно молчеа за својата романса, сега познатиот пејач првпат одлучи да стави крај на сите шпекулации.
„Многу сме среќни и задоволни и така треба да биде. Хана е многу добра и ние сме среќни“, рекол Грашо за „ИнМагазин Нова ТВ“.
Иако бил многу „скржав“ на зборови, Грашо јасно ставил до знаење дека во врската со младата музичарка му „цветаат рози“.
– Јас некако научив дека, со оглед на тоа што многу го кријам својот приватен живот, медиумското внимание е дотолку поголемо. Но, морам да бидам искрен и да кажам дека малку ме изненади креативноста на одредени медиуми во смислувањето различни и разновидни форми на ништо, всушност, ние го живееме својот живот и важно е луѓето околу нас да бидат задоволни и сите да бидат мирни, но и задоволни – додал музичарот.
Инаку, Грашо и Хана се неразделни, таа често го придружува на неговите настапи, а фотографите го „ловат“ секаде каде што можат – во Сараево, Сплит…
Инаку, Петар Грашо беше во 24-годишна врска со хрватската пејачка Данијела Мартиновиќ (50). На почетокот на мај, одекна веста за раскинувањето на децениската врска помеѓу Данијела и Петар, што тогаш ги шокираше бројните пријатели, семејството и колегите.
Инаку, Хана е ќерка на Вјекослава и Тончи Хуљиќ. Точни веќе порано изјави дека ја благословува нивната љубов, притоа велејќи дека ако Хана и Петар се среќни, тогаш и тие се среќни.
ФОТО | Данијела е минато: Петар Грашо има нова љубов, во врска е со ќерката на Тончи Хуљиќ
Извор: www.slobodenpecat.mk