Османи: Поворката со посмртните останки на загинатите ќе помине низ Скопје, граѓаните можат да им одадат почит

1 min read

Утре во 9ч, на меѓународниот аеродром Скопје, се очекува да пристигна посмртните останки на 45 граѓани кои загинаа во трагичната несреќа во близина на Струма, Република Бугарија, соопшти министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Тој извести дека по пристигнувањето, поворката ќе се движи по однапред утврдена патека до и низ главниот град.

-Во периодот од 10 до 13ч, граѓаните ќе можат да оддадат последна почит преку положување цвеќе на плоштадот Скендербег, како и да ја проследат поворката која ќе помине по булеварот, веднаш до плоштадот, во перидот меѓу 11 и 12 часот, соопштува министерот.

На самиот плоштад ќе биде поставен и видео ѕид, од каде граѓаните ќе можат да го следат целиот процес на пристигнување и движење на поворката.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Омикрон се шири експлозивно, до јануари може да доминира во Европа

Следно

Вардар без Ристовски и без Гаџа на мегдан против Кил

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian