Нови 10 случаи на омикрон во Британија, бројот се искачи на 42

1 min read

Велика Британија денеска потврди уште 10 инфекции со загрижувачката варијанта на коронавирусот oмикрон, со што вкупниот број се искачи на 42.

Британската агенција за здравствена безбедност објави дека уште седум случаи на сојот Омикрон се откриени во Англија, додека уште три заразени лица се идентификувани во Шкотска.

Британскиот премиер Борис Џонсон пред два дена изјави дека Владата сака на сите возрасни лица да им понуди засилувачка доза на вакцина против коронавирус до крајот на јануари следната година, поради страв од ширење на oмикрон.

Нашата цел е да понудиме бустер дози на сите што ги исполнуваат условите до крајот на јануари, рече Џонсон, пренесува Ројтерс.

Тој додаде дека е малку веројатно повторно да се воведат мерки за затворање.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Нострадамус предвиде 4 настани за 2022 година: Еден е посебно страшен

Следно

ВИДЕО | Груби: Мора да има одговорност за автобуската несреќа во Бугарија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian