МНР: Останките од загинатите во автобуската несреќа од аеродром ќе бидат пренесени кон нивните домови и вечни почивалишта

1 min read

Од Министерството за надворешни работи известуваат за измена на саатници при пречекот и испраќањето на загинатите од автобуската несреќа во Бугарија до нивните домови и вечни почивалишта.

– Почитувани, ве известуваме дека посмртните останки на загинатите граѓани во автобуската несреќа во Бугарија после нивниот транспорт на аеродромот во Скопје, веднаш ќе бидат упатени кон нивните домови и вечни почивалишта.

Оваа измена доаѓа согласно барањата на дел од семејствата на загинатите, а со цел телата да бидат предадени пред петочната молитва.

За граѓаните кои сакаат да оддадат почит, сѐ уште останува можноста тоа да го сторат на плоштадот Скендербег во периодот од 10 до 13 часот, стои во нивното соопштение.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Франција усвои нов закон: Насилството во училиштата ќе се казнува со три години затвор

Следно

Борусија Дортмунд ја најде замената за Халанд, веќе започна преговори со Бенфика

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian