Маж облечен како нинџа ранил две полицајки во Франција

1 min read

Маж облечен како нинџа денеска нападнал со меч и повредил две полицајки во францускиот град Шербур, а досегашните податоци не укажуваат дека се работи за терористички напад, соопшти полицијата.

Инцидентот се случил околу 16 часот кога полицијата почнала да апси маж поради кражба на автомобил, јавува Ројтерс.

Откако полицијата извесно време го бркала низ улиците, мажот, чие име и националност не се наведува, удрил во билборд и застанал во близина на бензинска пумпа.

Мажот потоа излегол од автомобилот облечен како нинџа и со катана, јапонски самурајски меч, се упатил кон полициското возило.

Прво со катаната удрил една полицајка по брадата, а потоа друга по главата.

Трет полицаец потоа го застрелал напаѓачот, го удрил во стомакот и му нанел сериозни повреди, па со хеликоптер бил пренесен во болница.

Двајца полицајци се здобиле со полесни повреди и исто така се пренесени во болница.

Министерот за внатрешни работи Џералд Дарманен се огласи на Твитер за да го коментира инцидентот и рече дека ја поддржува полицијата.

„При интервенцијата поради кражба на возила во Шербур, повредени се двајца полицајци. Поддршка за националната полиција“, напиша Дарманен на Твитер.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Бен зборува за Џеј Ло: „Нашата љубовна приказна е…“

Следно

Димитров: За да не се разочараме, да не очекуваме деблокада во декември

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian